-5.2 C
Skopje
Monday, January 24, 2022

Сали: Речиси 99 отсто е сигурно дека ќе бидам министер

Најчитани вести

Името на стоматологот Беким Сали, кој доаѓа од редовите на Алтернатива е најчесто споменувано за наследник на актуелниот министер за здравство Венко Филипче.

Ваквата одлука дојде откако конечно падна договор меѓу лидерот на партијата Алтернатива, Африм Гаши и се уште актуелниот лидер и премиер Зоран Заев кои вчера конечно договорија кои министерски места ќе отидат во рацете на нивните коалициони партнери.

„Фокус“ се потруди да стапи во контакт со Беким Сали, кој истакна дека се уште не е донесена официјална одлука, но сепак неговото име се споменува како иден министер за здравство.

„Се уште е рано да се зборува на темата. За министрите и замениците уште се одлучува, додека за директорските места се очекува да се одлучи во текот на неделата. 99 посто е точна информацијата дека јас ќе бидам министер за здравство, но сепак постои цела процедура.

Може да потрае и месец дена. Најпрвин треба и органите на нашата партија да ме изгласаат. Јас не можам да се наметнувам“, истакна доктор Сали во изјава „Фокус“.

За време на локалните избори, тој влезе во трка за градоначалник на скопската општина Чаир, како заеднички кандидат на Алтернатива и Алијанса за Албанците на Зијадин Села, меѓутоа загуби од актуелниот градоначалник на ДУИ Висар Ганиу.

Тоа што е уште помалку познато, како што тврдат нашите добро упатени извори, е дека Сали кус период во 2008 година бил шеф на кабинет на тогашниот министер за здравство Бујар Османи од ДУИ, во времето кога ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ беа коалициони партнери.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com