Home » Сали и менаџментот на болницата во Тетово разговараа за можностите за нејзино проширување

Сали и менаџментот на болницата во Тетово разговараа за можностите за нејзино проширување

by Журнал.мк

Наоѓање можности за просторно проширување, санирање и зајакнување на капацитетот на Клиничката болница во Тетово, како и за проширување на медицинскиот тим за задоволување на здравствените потреби на населението од овој регион, биле тема на средбата на министерот за здравство Беким Сали со директорот на болницата, Амир Елези, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Фатон Ахмети, како и со економскиот директор на болницата, Арменд Фазлиу.

На средбата, како што посочува Сали во објава на неговиот фејсбук профил, се разговараше и за реорганизација на медицинскиот персонал, со цел зголемување на нивната ефикасност во обезбедувањето здравствени услуги.

– Тетово и воопшто полошкиот регион заслужуваат достоинствена Клиничка болница, што ги исполнува сите современи здравствени стандарди, напиша Сали.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More