25.8 C
Skopje
Thursday, July 7, 2022

Сали Бериша избран за претседател на опозициската албанска демократска партија

Најчитани вести

На вчера спроведените избори “еден член еден глас” од “Комисијата за обнова” за претседател на опозициската Демократска партија е избран Сали Бериша.

Во трка за оваа функција беше и Ибсен Елези, поранешен претседател на општинската организација на ПД во Кукс.

-Се гласаше на 108 гласачки места на целата територија на земјата. Вкупно гласаа 43.680 демократи при што 40.820 или 93, 45 отсто гласале за Сали Бериша, додека 2.532 или 8, 5 отсто за Ибсен Елези, изјави Албана Вокши.

Бериша (78) беше партиски лидер до 2013 година кога по поразот на изборите се повлече од функцијата. Во моментов вршител на должноста претседател на партијата е Енкелејд Алибеај, кого судот го признава како легитимен партиски челник.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com