4.8 C
Skopje
Thursday, October 28, 2021

Салиху: И скопските партизани биле поинклузивни од „Зелен хуман град“

Најчитани вести

Портпаролот на град Скопје Ваљон Салиху, во својата колумна за слободен Печат „Борбата за зелено Скопје“, ја критикува неинклузивноста на листата на кандидати за Совет на Скопје на „Зелен хуман град“:

„Како човек кој е секојдневно вклучен во борбата за позелено Скопје, бев навистина непријатно изненаден кога ја видов листата на кандидати за Совет на Скопје на „Зелен хуман град“. Од 45 кандидати на листата, зарем навистина не можеа да пронајдат ниту еден Албанец (на пример, од Сарај), ниту еден Турчин или Бошњак (од Чаир, Гази Баба или Бутел), ниту еден Ром од Шуто Оризари? Може ли да стане збор за советничка листа која го претставува Скопје, ако воопшто нема никаква поддршка во Чаир, Сарај, Шуто Оризари и другите мултикултурни делови од Скопје кои се соочуваат со бројни еколошки проблеми? Мојот личен впечаток е дека таквата листа не е ниту „зелена“, ниту пак „хумана“ и дека е потценувачка за Скопјани кои со векови негуваат култура на почитување на разлики и соживот.“

Салиху ја споредува листата на „Зелен хуман град“ со листата на борци од Првиот скопски партизански одред, заклучувајќи дека партизаните биле далеку поинклузивни: „…во одредот од над 40 борци ги среќаваме имињата на Кемал Сејфула (кој станал и градоначалник на Скопје од 1951-1954), Мустафа Рашит, Хамди Демир, Абдураман Хусеин, Хајри Хусеин, Рамадан Махмут, Кемал Мусли, а во одредот и во НОАВ се бореле и други националности кои подоцна заедно учествувале во изградбата на Скопје и на оваа држава“.

Според Салиху, за автентична борба зa Зелено Скопје може да зборуваме само ако во таа борба се вклучени претставници од сите различни делови на Скопје: „За жал, листата на „Зелен хуман град“ покажа дека не е ниту зелена, ниту хумана, ниту пак дека ги претставува сите скопјани. „Да се биде зелен не значи само да се грижиш за растенијата и животните, туку тоа е и класна и антинационалистичка, прогресивна идеја“, истакнува Ваљон Салиху, во својата колумна за слободен Печат „Борбата за зелено Скопје“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com