16 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Салиху: Велосипедот не е само транспорт туку и начин на живеење

Најчитани вести

Насмеан и дотеран речиси секојдневно со велосипед низ градските улици – од работа до дома, но и надвор од работните обврски во улогата како татко и сопруг која му ја доделил животот.

  • Тие што ме знаат и од порано, знаат дека сум голем обожавател на велосипедизмот и дека велосипедот го користам во секоја можна прилика. Тоа што треба луѓето да сфатат е дека велосипедот не само рекреативно или превозно средство, туку е и начин на живот, вели портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху во неформалниот разговор кој го имавме деновиве.
  • Настрана фактот што велосипедот поттикнува поздрав живот, тоа што јас сакам да го постигнам преку возење велосипед е да придонесам кон животната средина и кон луѓето со кои го делам овој убав град. Тоа што ме прави посебно среќен е фактот што мојата сегашна позиција ми дава шанса за директно да придонесам за да сменам некои навики во нашето општество и таа шанса не би сакал да ја пропуштам додека сум тука, додава тој.

И токму периодов Град Скопје реализира кампања за промоција на велосипедизмот и подигнување на свеста за урбаната употреба на велосипед. На повеќе локации во Скопје деновиве се поставени билборди кои ги поттикнуваат граѓаните да го изберат велосипедот како најздраво, најбрзо и најпаметно превозно средство во градска средина.

Градот Скопје во континуитет работи на подобрување на велосипедската инфраструктура во Скопје, а годишно се градат над 15 километри нови или се реконструираат постојни велосипедски патеки. Како резултат на посветената работа, годинава ја надминавме должината од вкупно 100 километри велосипедски патеки во Скопје. Особено внимание се посветува и на ослободување на просторот на пешачките и на велосипедските патеки, преку поставување заштитни столпчиња. Дополнително, во голема акција, целосно се отстранети несоодветно поставените билборди и реклами од велосипедските патеки во Малиот ринг, со што се стимулира користењето на велосипедот.

Во тој контекст тој додава дека тоа што го прави градот на тема велосипедизам само се вклопува со неговата филозофија и начин на живеење.

  • Велосипедот секогаш ќе биде моето најомилено превозно средство и верувам дека дур сум дел од оваа администрација, заклучува Салиху.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести