Home » Саливан: САД неделава ќе објават нови санкции против Русија

Саливан: САД неделава ќе објават нови санкции против Русија

by Журнал.мк

САД и сојузниците во текот на оваа недела ќе објават нови економски санкции против Русија поради нејзината инвазија на Украина, соопшти синоќа американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан.

Тој истакна дека разговорите меѓу западните земји сега се однесуваат првенствено за можни мерки „поврзани со енергијата“, многу чувствително прашање меѓу Европејците кои се во голема мера зависни од рускиот гас. Џејк Саливан рече дека се бара консензус со ЕУ, во рамки на која, исто така, се разговара за нови санкции против Москва.

– САД, исто така, ќе ги објават своите одлуки за дополнителна воена помош за Украина во наредните денови, изјави Саливан пред новинарите во Белата куќа.

Американскиот претседател Џо Бајден вчера рече дека САД „мора да продолжат да и испраќаат на Украина оружје што и е потребно за да ја продолжи борбата“.

Саливан вети дека во наредните денови ќе бидат објавени „нови најави за дополнителна воена помош“ за Украина, но не појасни за што точно станува збор.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk