7.8 C
Skopje
Saturday, December 3, 2022

Саливан вети дополнителна американска поддршка за Украина

Најчитани вести

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан вчера во Истанбул се сретна со Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател и вети непоколеблива поддршка на Вашингтон за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, соопшти Белата куќа.

Тие разговараа за ситуацијата во украинската нуклеарна централа Запорожје и за континуираната работа на Украина со Обединетите нации за извоз на храна, изјави во соопштението Адриен Вотсон, портпаролка на Советот за национална безбедност на Белата куќа.

Јермак за средбата објави на Телеграм, велејќи дека ја цени воената поддршка од САД и дека двете страни разговарале за натамошна воена помош.

Тој посочи дека „одлуката на Кремљ да ги признае референдумите одржани во привремено окупираните региони бара итна и соодветна реакција на светската заедница“,пренесе Индекс.хр.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести