17.8 C
Skopje
Friday, September 17, 2021

Салах одговори на шпекулациите дека го напушта Ливерпул

Најчитани вести

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, одговори на шпекулациите во врска со неговата иднина. Пред неколку дена, Гери Невил објави дека sвездата на „црвените“ ќе го напушти клубот во наредните 12 месеци.

Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед изјави во телевизиско интервју дека е „100% сигурен дека Салах ќе замине на крајот на сезоната“.

„Среќен сум во Ливерпул. Среќен сум и во градот. Јас ги сакам обожавателите и тие ме сакаат. Среќен сум во овој клуб“, прокоментира Салах.

„Ако сакаме да освоиме повеќе трофеи, тогаш мора да работиме уште понапорно од минатата година. Лигата на шампионите заврши. Беше минатата година, сега треба да се бориме за нови трофеи. Ако играте за клуб како Ливерпул, очекувањата се секогаш големи“, додаде египетскиот репрезентативец.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com