23.8 C
Skopje
Saturday, June 19, 2021

Салах не сака да зборува за својата иднина во Ливерпул

Најчитани вести

Мохамед Салах во интервју за „Марка“ не сакал многу да зборува за статусот во Ливерпул и до кога ќе остане на „Енфилд“. Договорот на Египќанецот со Ливерпул истекува во јуни 2023 година. Медиумите шпкулираат дека тој по завршувањето на оваа сезона, би можел да го напушти клубот.

„Ништо не зависи од мене. Ќе видиме што ќе се случи, во овој момент не би сакал да зборувам за својата иднина во Ливерпул. Којзнае, можеби ќе завршам во шпанската Примера. Никогаш не можете да знаете што ви носи иднината“, рекол Салах.

Ливерпул е седми во Премиер лигата, а во Лигата на шампионите ќе игра против Реал Мадрид. Ќе биде тоа реприза на финалето од 2018 година, кое го обележа стартот на Рамос врз Салах поради кој напаѓачот предвреме го заврши финалето.

„Имам голема желба да се пласираме во полуфиналето. Реал е одличен тим. Во однос на 2018 година го нема Кристијано Роналдо, но и понатаму е јак клуб“, истакнал Салах.

Египќанецот оваа сезона има постигнато 17 гола во Премиер лигата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести