Home » Саки детектираше огромен проблем во италијанскиот фудбал по шокантниот пораз од Македонија

Саки детектираше огромен проблем во италијанскиот фудбал по шокантниот пораз од Македонија

by Журнал.мк

Ариго Саки веќе подолго време ја критикува филозофијата која ја негуваат италијанските клубови при настапите во Европа, а според легендарниот стручњак, тоа очигледно се одразува и на репрезентацијата која вчеравечер доживеа вистински шок во Палермо.

Македонија оствари фудбалска сензација и славеше на „Ренцо Барбера“ со голот на Александар Трајковски во 92-та минута, потоп по кој со своја анализа се јави еден од најдобрите фудбалски стручњаци на сите времиња.

Саки смета дека проблемот на Италијанците е многу поголем од тоа што се мисли и успехот на Европското првенство бил само исклучок од деструкцијата која според него трае од 2010-та година.

– Го повторуваме она што го гледаме со години. Во Италија многу се зборува, но со зборови не се решаваат проблемите. Ни треба пошироко гледиште на комплетната слика. Во 2018-та година виновен беше Вентура, а сега на цела јавност и е виновен Манчини, – започнува Саки за „Газета“ откако Италија остана без второ Светско првенство во низа.

– Ако продолжиме вака, нема да стигнеме никаде. Европското првенство беше исклучок, ние немаме освоено ништо во Европа на клупски план од 2010-та година. Проблемот е следен: Клубовите продолжуваат да инвестираат во странски фудбалери и младинските сектори исто така се полни од млади играчи кои доаѓаат од страна. Тоа е вистинскиот проблем на Италија.

– Што се однесува со самиот меч, против Македонија имаше многу играчи кои не беа фит и сметам дека тоа беше клучно. На Европското првенство игравме како херои, но вчера во Палермо немаше херои. Имаше и страв во главите, имаше несигурност и недоволна самодоверба. Како е можно толку удари да завршат високо над голот, ни недостасуваше концентрација, одлучност и натпреварувачки пристап во правилен момент, – анализира Саки.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk