29.8 C
Skopje
Sunday, September 26, 2021

Сакаме ли да плаќаме за членство на социјални мрежи?

Најчитани вести

Еден од основачите на Википедија, Џими Велс, сака да направи алтернатива на Фејсбук и Твитер.

Уште пред две години тој ја лансираше „Wikitribune“, онлајн публикација чија цел е борба против лажните вести.

Со оглед на тоа дека тој проект никогаш не заживеа, Велс решил да ја промени стратегијата. „Wikitribune“ е преобразен во „WT:Social“, социјална мрежа и платформа за споделување вести.

Тој се надева дека со текот на времето оваа социјална мрежа ќе стане популарна како Фејсбук и Твитер, затоа што по углед на нив корисниците можат на споделуваат постови.

„WT:Social“ ќе биде финансиран со донации а не со реклами.

За разлика од Фејсбук и Твитер кои постовите ги прикажуваат според популарност, оваа социјална мрежа секогаш ќе ги прикажува прво најновите постови.

Иако е стара само месец дена, новата социјална мрежа веќе има 50.000 корисници.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com