-4 C
Skopje
Monday, January 18, 2021

САД: 15 години затвор за кражба и за палење на знамето на ЛГБТ-заедницата

Најчитани вести

Триесетгодишниот Адолфо Мартинез е осуден на 15 години затвор затоа што од црква го украл знамето на ЛГБТ-заедницата и го запалил. Инцидентот се случил на 11 јуни во градот Амес, во американската сојузна држава Ајова, а Мартинез призна дека го украл и го запалил знамето бидејќи мрази хомосексуалци.

Тој вечерта пред да се случи инцидентот бил исфрлен од стриптиз-клуб затоа што им се заканувал на вработените, а потоа отишол во црквата, пред која било истакнато знамето на ЛГБТ. Тој го симнал и се вратил пред клубот каде што го запалил.

Следното утро бил уапсен, а на полицијата ѝ рекол дека е „виновен по сите точки“.

„Чест ми беше да го сторам тоа. Бог тоа го благослови“, изјавил Мартинез, додавајќи дека го запалил знамето затоа што е противник на хомосексуалците.

Окружниот јавен обвинител Џесика Рејнолдс изјави дека Мартинез е прв во таа област кој е осуден за кривично дело од омраза.

„Суровата реалност е дека има луѓе кои прават злосторства врз луѓе врз основа на нивната раса, пол или сексуална ориентација“, рече Рејнолдс. „Кога тоа се случи, додаде таа, многу е важно ние како општество да ги спречиме и овие луѓе да трпат сериозни последици за она што го направиле“.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести