Home » САД ќе му продаде оружје на Тајван за 1,1 милијарда долари

САД ќе му продаде оружје на Тајван за 1,1 милијарда долари

by Журнал.мк

Американската администрација на претседателот Џозеф Бајден планира да побара од американскиот Конгрес да одобри продажба на оружје на Тајван во вредност од 1,1 милијарда долари, вклучувајќи 60 противбродски проектили и 100 ракети воздух-воздух, објави порталот Политико, повикувајќи се на информирани извори.

Политико, според три извори, кои побараа анонимност поради чувствителноста на ова прашање, рече дека фокусот треба да биде на одржување на постојните воени системи на Тајван за исполнување на редовните задачи, наместо да се развијат нови системи и способности кои најверојатно ќе ги разгорат веќе загреаните тензии со Кина,пренесе Ројтерс.

Американските власти ја нагласуваат нивната континуирана поддршка за владата во Тајпеј, а одредени точки во процесот на одобрување помош за Тајван би можеле да бидат објавени во наредните недели или месеци, наведува британската агенција.

Пекинг организираше невидени поморски и воздушни вежби околу островите за кои тврди дека се негова територија, во знак на протест против посетата на Тајпеј на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси овој месец, зголемувајќи ги тензиите на највисоко ниво во последните децении.

Американските политичари го посетија Тајван во три наврати од посетата на Пелоси, а последната беше сенаторката од Тенеси Марша Блекбурн, која во петокот се сретна со тајванскиот претседател Цаи Инг-вен, јавува Ројтерс.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk