Според портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс, Кина може да влијае на Мјанмар повеќе од која било друга земја.
– Ги повикуваме земјите во светот да направат повеќе. И ние ќе направиме повеќе, нагласи Прајс.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Жао Лиџијан изјави дека Кина не се меша во внатрешните работи на други земји и оти Мјанмар треба да ги користи своите закони и устав за да ги реши разликите.
Прајс тврди дека „не може да има вообичаена работа“ додека војската владее во Мјанмар. Тој ги повика сите држави да забранат продажба на воена опрема за земјата и „да се воздржат од давање на режимот каков било меѓународен кредибилитет“.
Како што Прајс додаде, САД ги разгледуваат „сите опции“ со што би можеле да му ги намалат приходите на режимот.