-3.7 C
Skopje
Sunday, January 17, 2021

САД сакаат голема воена коалиција на Блискиот Исток

Најчитани вести

Американски генерал изјави дека САД сакаат да формираат меѓународна воена коалиција за да се обезбеди слободата на пловењето околу Иран и Јемен, јавува Би-би-си.

Генералот на американските маринци Џозеф Данфорд кажа дека сака „да обезбеди слобода на пловењето“ во регионот, во кој има клучни трговски правци.

Минатиот месец Вашингтон го обвини Иран за нападите врз танкери во Оманскиот Залив, без да даде докази.

Генералот Данфорд кажа дека САД разговараат со низа земји кои имаат „политичка волја“ да ги поддржат такви планови.

САД би обезбедиле командни бродови, кажа тој, но целта е и други земји да дадат бродови и да воспостават патроли.

Генералот Данфорд кажа дека САД „работат директно со војските за да ги идентификуваат специфичните можности“ на секоја земја во поддржувањето на иницијативата.

Ормушкиот теснец и Баб ал Мандаб се клучни стратегиски локации бидејќи овозможуваат влез од океанот во Персискиот Залив и Црвеното Море.

Американскиот генерал кажа дека силата на иницијативата ќе зависи од бројот на земји кои ќе решат да учествуваат.

„Со мал број соработници можеме да имаме мала мисија“, кажа тој. „Ќе ја прошириме кога земјите кои сакаат да учествуваат ќе го кажат тоа“.

Секојдневно речиси четири милиони барели нафта минуваат низ Баб ал Мандаб.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести