18.8 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022

САД рекоа не за праќањето полски авиони во Украина

Најчитани вести

САД го одбија предлогот на Полска за испраќање на нејзините борбени авиони „миг-29“ во Украина преку американска база во Германија, велејќи дека ова предизвикало сериозна загриженост за целата НАТО алијанса.

Полската влада вчера ја испратила изненадувачката понуда, по постојаните повици на украинскиот претседател Зеленски да се затвори небото над Украина или на земјата да ѝ се испратат борбени авиони. Полска предложила нејзините стари руски авиони да бидат префрлени во американската база во Рамштајн, а оттаму во Украина.

„Можноста авиони да полетуваат од база на САД и НАТО кон воздушниот простор на Украина оспорен од Русија предизвикува сериозна загриженост за целата алијанса. Ќе продолжиме да се консултираме со Полска и останатите сојузници по ова прашање, но не веруваме дека полскиот предлог е одржлив и рационален“, кажа портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.

Украина успеа да зачува значаен дел од своите воздушни сили од почетокот на руската инвазија пред 14 дена, кои се состојат од авиони од советско производство „миг 29“, „сухој 27“ и „сухој 25“ и тоа се единствените авиони што украинските воени пилоти можат веднаш да ги летаат без дополнителен тренинг.

Русија предупреди дека поддржувањето на украинските воздушни сили ќе се смета за учество во конфликтот и отвора можност за одмазда. Досега, многу земји од НАТО, заедно со другите западни сојузници, доставуваа само одбранбено оружје за Киев поради заканите од Москва дека тоа ќе ги направи донаторите директна страна во конфликтот и на тој начин се отворени за одмазда.

Конгресот денеска постигна договор за обезбедување 13,6 милијарди долари за да и се помогне на Украина и на европските сојузници да се справат со најтешката бегалска криза на континентот од Втората светска војна.

Потпретседателката на САД Камала Харис денеска ќе ја посети Полска каде ќе се сретне со полски официјални претставници со цел да разговараат за руската инвазија на Украина и влијанието што војната го има врз регионот.

ОН вчера соопштија дека повеќе од 2 милиони луѓе ја напуштиле Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com