7.8 C
Skopje
Wednesday, December 7, 2022

САД подготвуваат нови санкции за Русија поради Навални

Најчитани вести

Соединетите Американски Држави подготвуваат нови санкции за Русија поради труењето на критичарот на Кремљ Алексеј Навални, рече советникот за национална безбедност на САД Џејк Суливан. Тој додаде дека санкциите ќе ги преземат кога ќе бидат убедени дека со нив се погодени вистинските ентитети.

Навални беше уапсен кога се врати во Русија од Германија каде што беше на лекување по речиси фаталното труење со нервен гас. Тој го обвини рускиот претседател Владимир Путин за нападот, обвинување кое Кремљ го негираше.

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека на минатонеделниот самит му кажал на Путин дека ќе продолжи да го отвора прашањето за почитувањето на човековите права, вклучително и апсењето на Навални. Администрацијата на Бајден воспостави санкции во март за руски официјални лица откако американските разузнавачки служби заклучија дека лица од Рускиот федерален безбедносен сервис се зад труењето на Навални.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести