Home » САД повикаа на воздржаност од насилство на протестите во Скопје

САД повикаа на воздржаност од насилство на протестите во Скопје

by Журнал.мк

Оттаму укажаа дека пристапувањето на Мaкедонија во ЕУ е значаен фактор за засилување на безбедноста во Европа и за целокупната колективна безбедност.

Соединетите американски држави го почитуваат правото на македонските граѓани на мирно изразување мислења и гледишта и повикуваат на воздржаност од секакво насилство на протестите во Скопје, изјавија за МИА од американскиот Стејт департмент.

Оттаму укажаа дека пристапувањето на Мaкедонија во ЕУ е значаен фактор за засилување на безбедноста во Европа и за целокупната колективна безбедност.

„САД се силен поддржувач на интеграцијата на Македонија во ЕУ. Сметаме дека иднината на Западен Балкан е безрезервно во ЕУ. Процесот на проширување промовира долготраен мир, стабилност и просперитет низ целиот регион“,велат од Стејт департментот.Потсетија дека Македонија ги сработи основните задачи и дека сега е време да оди понатаму во следната фаза на процесот за пристапување.

„Со оглед на значајноста на овој процес за земјите од регионот и пошироко за Европа, ги повикуваме нашите пријатели да ја искористат шансата и да го започнат пристапниот процес“,потенцираа од Стејт департментот .

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More