7.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

САД одобрија трета доза за лица со ослабен имунитет

Најчитани вести

САД во четвртокот, додека земјата се обидува да ја сузбие делта варијантата на новиот коронавирус, одобри примена на дополнителна доза на вакцината против ковид-19 за лица со ослабен имунолошки систем.

Одобрение за итна употреба на трета доза на Модерна и Фајзер/Бајонтек е издадено од Американската администрација за храна и лекови (ФДА).

„Земјата е погодена од нов бран на пандемија на ковид-19 и ФДА е свесна дека имунокомпромитираните луѓе се особено подложни на тежок облик на болеста“, рече комесарката на администрацијата Џенет Вудкок во соопштение.

„Другите лица кои се целосно вакцинирани се соодветно заштитени и немаат потреба од дополнителна доза вакцина против ковид-19 во овој момент“, додаде таа.

Во Соединетите Држави, повеќе од 619.000 луѓе починале од ковид-19. Делта варијантата на вирусот САРС-КоВ-2 во моментов се шири низ целата земја.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com