21.8 C
Skopje
Monday, August 2, 2021

САД одобрија продажба на оружје на Египет

Најчитани вести

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден одобри продажба на оружје за речиси 200 милиони долари на Египет, но најави притисок врз прашањата за човековите права, откако американски активист спомена случај на вознемирување на неговото семејство.

Вашингтон одобри продажба на 168 тактички ракети на Египет.

Стејт департментот ја одобри продажбата, што ја разгледува Конгресот, бидејќи Египет продолжува да биде важен стратешки партнер на Блискиот исток.

Новиот претседател на САД вети дека ќе заземе поцврст став за човековите права во Египет отколку неговиот претходник Доналд Трамп, кој го нарече египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси свој „претпочитан диктатор“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести