23.8 C
Skopje
Saturday, May 21, 2022

САД одговорија на руските барања за безбедносни гаранции

Најчитани вести

НАТО повикува на смирување на тензиите околу Украина и нуди дијалог на Русија. Алијансата вчера и испрати на Русија писмен одговор на нејзините барања, велејќи дека безбедносната криза во Европа може да се реши со дијалог и дипломатија. Ова го изјави генералниот сектера на Алијанската Јенс Солтенберг на прес конференција одржана синоќа, кој рече дека Русија продолжува да распоредува војници во близина на Украина и распоредува илјадници војници и модерно оружје во Белорусија.

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, синоќа изјави дека писмениот одговор на Вашингтон на барањата за безбедносни гаранции на Русија го отвора патот за дипломатско решение на кризата, доколку Москва го сфати сериозно, и дека САД се обидуваат да спречат воена ескалација против Украина. Блинкен изјави дека документот, доставен денеска до Русија, содржи „принципиелна и прагматична“ проценка на руските барања. Вашингтон јасно стави до знаење дека не доаѓа во предвид исполнувањето на руските барања НАТО да ги повлече трупите и оружјето од Источна Европа и да и забрани на Украина некогаш да се приклучи на Алијансата.

Несогласувањата меѓу Западот и Русија беа во полн ек вчера кога американскиот претседател Џо Бајден изјави дека ќе размисли за воведување санкции лично за Путин доколку Русија ја нападне Украина.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com