Home » САД: На Киев не му се потребни воени авиони, туку ракети за одбрана

САД: На Киев не му се потребни воени авиони, туку ракети за одбрана

by Журнал.мк

– Авионите не се она што им е најпотребно на нашите украински партнери во моментов. Кога го анализираме уништувањето што Кремљ го прави во регионите на Украина, тоа е главно од ракети, проектили, артилериски оган, изјави портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс, додавајќи дека авионите не се најдобриот начин да се елиминира таквото оружје.

Според Прајс, украинската армија има неколку ескадрили авиони способни да летаат. Тој нагласи дека ефикасноста на руската флота борбени авиони е ограничена од системите за воздушна одбрана на Украина на теренот, без разлика дали станува збор за поголеми ракети „земја-воздух” или преносни системи „Стингер” што ги обезбедуваат Американците.

Тој истакна дека САД ќе продолжат да испраќаат ракетни системи „земја-воздух” во Украина.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More