„Ќе продолжиме да следиме што е потребно и да се погрижиме Украина да го добие она што и треба за да успее на бојното поле“, изјави Саливан на настан организиран од Си-Ен-Ен.
Тој рече дека земјите од Г7 денеска ќе објават нова рунда санкции за држави кои и помагаат на Русија.
„Како што поминува времето, ќе видите трајна ерозија на квалитетот и можностите на руската економија“, рече Саливан.
На прашањето за барањето на Украина да им испрати американски борбени авиони Ф-16, Саливан рече дека од перспектива на Вашингтон „Ф-16 не се прашање на краткорочна борба“. Според него, тоа е, „прашање за долгорочна одбрана на Украина“.