-0.2 C
Skopje
Tuesday, October 26, 2021

САД му се закануваат на Иран со воена интервенција поради производство на нуклеарно оружје

Најчитани вести

САД се заканија дека ќе применат воена сила против Иран доколку дипломатијата не успее да го спречи Техеран да произведува нуклеарно оружје, првпат реагирајќи на израелските предупредувања кон Иран.

– Вашингтон смета дека дипломатското решение е најдобриот начин да се спречи Исламската република да стане нуклеарна сила, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен на заедничката прес-конференција со израелскиот колега Јаир Лапид во Вашингтон.

Тој покажа поголемо нетрпение отколку порано, во момент кога преговорите за спасување на меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма потпишан во 2015 година се во прекин од јуни, во очекување Техеран да се врати на преговарачка маса.

– За дијалог се потребни двајца и досега не видовме дека Иран е подготвен да разговара”, изрази жалење државниот секретар, оценувајќи уште еднаш дека „временската рамка” за враќање во договорот е „се потесна”.

Блинкен одговарајќи на прашањето за евентуална употреба на сила, истакна дека САД „се подготвени да се свртат кон други опции доколку Иран не го промени правецот” и ќе бидат разгледани сите можни решенија.

– Кога велам „други опции”, мислам дека на сите им е јасно за што станува збор, нагласи американскиот државен секретар.

Шефот на израелската дипломатија Јаир Лапид беше уште појасен во име на еврејската држава, која долго време е против договорот од 2015 година, сметајќи дека е недоволен.

– Државниот секретар Блинкен и јас сме деца на родители кои го преживеаја Холокаустот. Ние знаеме дека постојат моменти кога земјите мора да употребат сила за да го заштитат светот од зло. Израел го задржува правото да дејствува во секое време и на секој можен начин, додаде Лапид.

Министерот за надворешни работи на Израел пристигна во Вашингтон со намера да побара од администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден „заменски план Б” во случај на дипломатски неуспех.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com