15.8 C
Skopje
Saturday, October 1, 2022

САД и Израел заедно против кибер нападите

Најчитани вести

Американското Министерство за финансии соопшти дека заедно со Израел ќе се бори против хакерските напади, при кои се бара откуп во криптовалути, а двете земји ќе формираат заедничка работна група за борба против кибер напади.

Соопштението доаѓа по виртуелниот состанок во врска со кибер нападите одржан во Белата куќа во октомври, на кој учествуваа Европската унија и повеќе од 30 земји, вклучително и Израел.

Американскиот заменик-секретар за финансии Воли Адејемо тогаш побара меѓународна соработка за решавање на злоупотребата на виртуелната валута. Партнерството следи по преземените мерки за намалување на хакерските напади кои погодија неколку големи американски компании, вклучително и нападот врз најголемиот гасовод во САД, по што земјата неколку дена беше во проблеми со испораките на нафтени деривати.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com