Home Свет САД и ЕУ се подготвени да воведат дополнителни санкции кон Русија

САД и ЕУ се подготвени да воведат дополнителни санкции кон Русија

by admin

Соединетите држави и Европската унија постигнаа „широк консензус за потребата од зголемување на притисокот врз Кремљ, особено преку воведување дополнителни санкции“, соопшти вечерва италијанската влада.

Сојузниците, исто така, се согласија дека е неопходно „зајакнување на меѓународната изолација на Русија“, се додава во соопштението.

Тоа го потврди и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, наведувајќи дека санкциите против Русија ќе бидат зајакнати.

Ова беше одлучено на виртуелен состанок за украинската криза, на кој присуствуваа и американскиот претседател Џо Бајден и главните сојузници на САД. Состанокот се одржа еден ден откако руските сили започнаа офанзива во источна Украина.

На средбата присуствуваа лидерите на Франција Емануел Макрон, Велика Британија Борис Џонсон, Германија Олаф Шолц, Романија Клаус Јоханис, Полска Анджеј Дуда, Италија Марио Драги, Канада Џастин Трудо и Јапонија Фумио Кишида.

Покрај Урсула фон дер Лајен, учествуваа и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Видео-состанокот ја потврди „заедничката посветеност за диверзификација на изворите на енергија преку намалување на зависноста од руските испораки“, се вели во соопштението на италијанската влада.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More