-0.2 C
Skopje
Sunday, December 5, 2021

САД испраќаат одбранбен систем Патриот и војници во Саудиска Арабија

Најчитани вести

Соединетите Американски Држави ќе испратат една батерија ракети за одбранбениот систем Патриот и четири радарски системи за Саудиска Арабија, соопшти денес Пентагон, а официјалните претставници овој потег го опишуваат како прв чекор да му се помогне на Ријад да се заштити од напади на Иран.

Уште две батерии ракети за системот Патриот и ракетниот одбранбен систем ТХААД ќе бидат подготвени да бидат испратени подоцна доколку има потреба, а во Саудиска Арабија ќе отидат и околу 200 американски војници.

Воените команданти од минатата недела размислуваат каква воена помош да испратат во регионот на Блискиот исток како одговор на она што американските власти го нарекуваат дрзок ирански напад со крстаречки ракети и дронови на саудиските нафтени објекти на 14 септември.

Американскиот претседател Доналд Трамп го одложи, барем засега, секој итен воен удар на Иран, но го одобри зголемувањето на напорите за зајакнување на безбедноста во Саудиска Арабија и регионот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com