САД се длабоко загрижени за случувањата во Нигер и ги осудуваат обидите за воен удар за преземање на власта. Бунтовниците го прогласија за шеф на државата генералот кој го предводеше пучот.
„Сè уште веруваме дека има простор за дипломатија. Сè уште веруваме дека ние и нашите сојузници, особено нашите африкански партнери, ќе продолжиме да правиме сè што можеме за да се осигураме дека претседателот Базум ќе остане на власт“, изјави Џон Кирби-портпарол на Советот за национална безбедност на САД.
Претходно, Генералот Абдурахман Тчиани побара поддршка од нацијата и меѓународните партнери.