-2.2 C
Skopje
Monday, January 17, 2022

САД го повика Косово „со отворен ум“ да пристапи кон Отворен Балкан

Најчитани вести

Амбасадата на Соединетите држави во Приштина го повика Косово „со отворен ум“ да им пристапи на иницијативите за регионална интеграција и подвлече да ги поддржува напорите на Западен Балкан за зајакнување на регионалната интеграција.

-Ја повикуваме владата да се приклучат на регионалните напори за економска интеграција со отворен ум и да усвојат решенија што даваат резултати за граѓаните на Косово, а истовремено да ги подобрат врските со своите соседи, велата од амбасадата на САД за Радио Слободна Европа.

Коментирајќи ја позицијата на Владата на Косово да не се приклучи на иницијативата „Отворен Балкан“, во која учествуваат Албанија, Србија и Северна Македонија, со образложение дека нема визија за регионот, американската амбасада во Приштина смета дека посилна економска и политичка интеграција е „од суштинско значење за одржлив мир и просперитет“, што би ги зајакнало „постојните напори на Косово за завршување на реформите потребни за идно пристапување во ЕУ“. „Го охрабруваме Косово да бара можности за намалување на трговските бариери, зголемување на нејзината економска конкурентност и изградба на регионално интегрирана и еластична економија што ќе донесе резултати за сите граѓани на Косово“, се вели во реакцијата на амбасадата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com