19 C
Skopje
Sunday, April 11, 2021

САД го бомбардираа североистокот на Сирија, прва воена операција на Бајден (ВИДЕО)

Најчитани вести

Соединетите Американски Држави вчера ги бомбардираа позициите на проиранските милиции на североистокот на Сирија, убивајќи 17 лица во првата воена операција на администрацијата на Џо Бајден, како одговор на неодамнешните напади врз западните интереси во Ирак.

Портпаролот на американското министерство за одбрана Џон Кирби ги потврди воздушните напади врз инфраструктурата сместена на граничниот премин кој го користела проиранската милиција Катаеб Хезболах.

Според првичните информации на Сириската опсерваторија за човекови права, уништени се три камиони полни со муниција кои пристигнувале од Ирак на нелегалниот граничен премин јужно од сирискиот град Букамала.

Додека Бајден чека потег од Техеран пред повторното прифаќање на договорот од кој Вашингтон се повлече во 2018 година под администрацијата на Доналд Трамп, во последните денови проиранските оружени групи извршија три напади.

Во понеделникот ракети паднаа во близина на американската амбасада во Багдад, а во саботата беше нападната ирачката воздушна база Балад.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести