28.8 C
Skopje
Friday, August 6, 2021

САД ги префрлиле најопасните исламисти од Сирија

Најчитани вести

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите Држави префрлиле некои од најопасните борци на Исламска држава, заглавени во северна Сирија, на непозната локација за да можат „да внимаваат на нив“ додека трае воениот упад на Турција во областа.

Меѓу нив, според неименувани американски официјални лица, се двајца озлогласени британски борци познати по прекарот „Буби“ поврзани со убиството на западните заложници, пренесува „Ројтерс“.

„Вашингтон пост“ објави дека тие се пренесени во американски воен затвор.

Турските трупи ја нападнаа северна Сирија за да ги потиснат курдските борци кои ги сметаат за терористи, откако САД објавија дека се повлекуваат од тој дел на Сирија.

Курдите исто така држат илјадници борци на Исламска држава во затвор и има загриженост дека тие би можеле да бидат ослободени доколку курдските сили ги остават своите позиции.

Трамп, наводно, не кажал колку милитанти биле пренесени од северна Сирија, ниту на која локација се наоѓаат сега.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести