36.8 C
Skopje
Tuesday, August 3, 2021

САД велат дека се подготвени да се сретнат со Иран

Најчитани вести

САД најавија дека се подготвени да се сретнат со Иран во врска со неговата нуклеарна програма и ги ублажија ограничувањата на движењата на иранските дипломати акредитирани во ОН во Њујорк. Администрацијата на САД го извести Советот за безбедност на ОН дека го повлекол механизмот на тогашниот претседател Доналд Трамп кој инсистираше на повторување на сите санкции на ОН против Иран. Ричард Милс, вршител на должноста амбасадор на САД во ОН, во писмото наведува дека санкциите за кои се претпоставуваше дека ќе бидат вратени во август „остануваат прекинати“.

Инаку, врвните дипломати од Соединетите држави, Германија, Франција и Велика Британија водат разговори за начините за заживување на нуклеарен договор со Иран од 2015 година, од кој Вашингтон се повлече во 2018 година. Договорот потпишан од Техеран со четирите западни сили, заедно со Кина и Русија, предвидува ограничување на програмата за збогатување на ураниум во Иран, за возврат за укинување на санкциите. Претседателот Доналд Трамп во мај 2018 година ја повлече својата земја од спогодбата и повторно воведе и санкции кон Иран, велејќи дека условите не се доволно строги за да се спречи Иран да развива нуклеарно оружје. Иран тврди дека неговата нуклеарна програма е строго за цивилни цели. Останатите потписници се обидоа да го спасат договорот. Но, од повлекувањето на САД, Техеран сè повеќе ги прекршува границите за кои се согласи според договорот.

Американскиот претседател Џо Бајден посочи поголема подготвеност да се справи со Иран отколку што направи неговиот претходник, но тој јавно изјави дека Иран мора да се придржува до својата обврска според договорот од 2015 година, пред неговата администрација да разговара за можноста за укинување на санкциите. Блинкен во минатиот месец рече дека сака да се координира со сојузниците на САД за да се постигне „подолг и посилен договор“ со Техеран.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести