8.8 C
Skopje
Saturday, March 25, 2023

Сагата за Икарди завршува: Газдата на Јувентус виден на Ибица – дошол да го заврши трансферот?

Најчитани вести

Трансфер-сагата околу контроверзниот аргентински напаѓач Мауро Икарди по се изгледа доаѓа до својот крај, а фудбалерот на Интер, за кого нема место во составот на Антонио Конте веројатно ќе го засили првакот Јувентус, најавија италијанските меидуми.

Медиумите на Апенините објавија фотографија од газдата на „старата дама“, Андреа Ањели на аеродромот „Малпенса“, како влегува на лет со Изиџет за Ибица, каде интересно се наоѓа Икарди со својата сопруга Ванда Нара на одмор. Според информациите на медиумите, Ањели тргнал да го заврши трансферот.

На Ибица, газдата на Јуве ќе се сретне со Габриеле Гиуфридо, човекот кој посредува во трансферот на Икарди, а потоа и со фудбалерот, по што веројатно ќе се стави крај на сагата, започната уште во март со својот сѐ уште актуелен клуб.

Најнови вести