16.8 C
Skopje
Monday, October 3, 2022

Руте: Проблемот со Бугарија не треба да биде пречка за преговорите

Најчитани вести

Холандскиот премиер Марк Руте денеска во Скопје изјави дека смета оти Македонија заслужува да ги почне преговорите со Европската унија и изрази надеж дека ЕУ ќе биде поактивна во обидите да помогне во решавање на проблемот со Бугарија.

– Многу сме среќни што на крај ЕУ одлучи да ги започне преговорите. За жал сега е проблем Бугарија и мора да го решиме. Сепак се грижиме за овој проблем со цел да почнат преговорите – изјави Руте и додаде дека е претпазлив оптимист во однос на тоа дали Македонија ќе ги почне преговорите во декември.

Руте е во прва официјална посета на земјава. Тој рече дека Холандија била една од земјите кои долго време била против преговори со ЕУ, но посочи дека во изминатите неколку години бил направен голем напредок.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com