9.8 C
Skopje
Wednesday, February 1, 2023

Руте: За Унгарија веќе нема место во ЕУ со новиот закон против ЛГБТ заедницата

Најчитани вести

Холандскиот премиер Марк Руте смета дека Унгарија не би требала да биде дел од Европската Унија откако неодамна усвои закон кој забранува содржини со кои се промовира хомосексуалноста меѓу малолетниците.

„Начинот на кој Унгарија ја третира ЛГБТ заедницата е неприфатлив. Според мене, за Унгарија веќе нема место во Европската Унија. Но, јас самиот не решавам за тоа. Тоа треба да се направи чекор по чекор“, изјави Руте во пресрет на самитот на ЕУ во Брисел.

Ова следува откако лидерите на 17 членки на Унијата изразија поддршка за правата на ЛГБТ заедницата, како реакција на контроверзниот унгарски закон. Писмото го потпишаа Белгија, Данска, Германија, Естонија, Финска, Франција, Грција, Ирска, Шпанија, Италија, Кипар, Летонија, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија и Шведска.

Запрашан по доаѓањето во Брисел дали ќе го повлече законот, унгарскиот премиер Виктор Орбан одговори:

„Законот е веќе изгласан и објавен. Тоа е завршена работа“.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го опиша законот како срамен и најави дека ќе бидат преземени мерки.

Орбан вели дека новиот закон ќе им даде ексклузивно право на родителите да одлучуваат за сексуалната ориентација на нивните деца.

„Хомосексуалноста се казнуваше во комунистичкиот режим, а јас се борев за нивните права и слободи. Но, овој закон не е за хомосексуалноста“, изјави Орбан.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести