17.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

Рустеми за ТНТ: Предлагам обвинетите да бидат огласени за виновни бидејќи ги сториле делата

Најчитани вести

Обвинителот Бурим Рустеми смета дека не докажал оти ексминистерот Миле Јанакиески сторил злоупотреба на службената положба и овластувањето во делот на јавната набавка. Тој му посочи на судот дека се откажува од тој дел на обвинението. Рустеми ја прецизира и штетата што според него му била нанесена на бизнисменот Фијат Цановски, а која изнесува 683.514.964 денари. За другиот дел од обвинението, а кое се однесува на незаконското уривање на „Космос“, Рустеми е уверен дека докажал оти обвинетите ги сториле делата.

„За втората точка од изреката на обвинението, а бидејќи не произлезе дека Миле Јанакиески го сторил кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувањето, се откажувам од обвинението“, рече Рустеми.

Обвинителот Рустеми рече дека треба да се одреди ефективна казна затвор.

„Сметам дека успеав да ја докажам фактичката состојба, предлагам обвинетите да бидат огласени за виновни. За Миле Јанакиески, кажав и претходно, тој се извини, ги потврди разговорите, а тоа е олеснителна околност, која треба особено да се цени. Предлагам за судот како околности да ги цени степенот на кривичната одговорност, последицата од делото, односно штетата, фактот дека тие комбинирано се обидувале да ја избегнат кривичната одговорност, фактот што не изразија каење и жалење, освен Јанакиески. И затоа сметам дека треба ефективна казна затвор за обвинетите“, посочи Рустеми.

Обвинителот остана на ставот дека Груевски му се одмаздувал на Цановски, па затоа „Космос“ бил отстрануван. Тој смета дека не е точно тврдењето на одбраната, кои докажуваа дека објектот отстапувал од квотите.

„Сметам дека докажав оти обвинетите ги сториле делата. Дека Никола Груевски ја злоупотребил функцијата и ја реализирал желбата да му се одмазди на политичкиот противник Фијат Цановски, но и да го дискредитира како лице, кое наводно постапувало незаконски. Фактот дека обвинетите Груевски, Јанакиески и Трајковски ја користеле политичката моќ за вршење влијание претставувало упад во правниот систем. Се докажа дека изјавата на Цановски е вистинита оти му се одмаздувале“, рече Рустеми.

Рустеми овој процес, дека минирањето било по наредба на Груевски, го докажува со прислушуваните разговори.

„Кога ги анализираме телефонските разговори, а за докажување на вината Никола Груевски за да го спречи Фијат Цановски да го гради објектот, се потврдува со неговата намера да ги смени ДУП и ГУП. Ова докажува дека апсурдна била причината за уривањето на Космос“, додаде Рустеми.

Според обвинителот Рустеми, објектот е отстранет иако немало причина за уривање. За стручните мислења, одлуките на судовите, рече дека се издејствувани под присила.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com