17.8 C
Skopje
Thursday, September 23, 2021

Рустеми: Ако чувствував влијание од Јанева за моето сведочење, ќе пријавев

Најчитани вести

Бурим Рустеми вели дека одговорил на сите прашања од обвинителството поврзани со случајот „Рекет”. Тој не сакаше да каже дали на состанок во понеделникот, кој се одвивал во СЈО, Катица Јанева им се заканувала дека ако таа пропадне, ќе ги повлече сите обвинители.

„Јас дојдов и дадов изјава во својство на сведок за ‘Рекет’ во врска со истрагата за ‘Поштенска банка’ која го води обвинителството. Ја кажав вистината, ги дадов сите информации. Верувам дека мојот исказ ќе даде придонес за развој на истрагата”, рече Рустеми по завршување на распитот во ОЈО за случајот „Рекет”.

„Ги објаснував сите детали поврзани со истрагата”, рече Рустеми.

За вчерашните претреси при влез и излез од СЈО, Рустеми рече дека не знаел што се случувало.

„Јас вчера бев на судење на ТНТ. Стручната соработничка ја пречекав пред судот, не знам што се случувало”, рече Рустеми за вчерашната ситуација каде се вршеле претреси во СЈО, неофицијално поради сомневање на Јанева дека стручната соработничка зела документи за прдеметот „Поштенска банка” кои Рустеми ги однел со него во обвинителството.

Рустеми додаде дека доколку чувствувал какво било влијание од Јанева за неговото сведочење за „Рекет”, тој ќе го пријавел.

„Јас можам да кажам дека не чувствував сериозно влијание на исказот што го дадов денес. Не сакам да кажувам детали од состанокот”, рече Рустеми на прашањето дали Катица Јанева им се заканувала на колегиум во понеделникот.

Истрагата „Поштенска банка“, која се поврзува со случајот „Рекет” на Обвинителството за организиран криминал, привршува, рече обвинителот на СЈО.

„Истрагата за Поштенска банка привршува. Ќе одлучиме што понатаму”, рече Рустеми.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com