„Луна-25“ не успеа, удри во месечината. Леталото влезе во непредвидена орбита, гласеше кусото соопштение на руската вселенска агенција Рускосмос. Со сондата бил изгубен секаков контакт.
„Луна-25“ беше првото вселенско летало коешто требаше да атерира на јужниот пол на земјиниот сателит. Во трката со американската комерцијална програма Спејс икс, во Москва се надеваа дека сондата ќе регистрира и замрзнати остатоци од вода, што натаму ќе ја предодреди месечината како база за натамошно освојување на вселената, пред сè на Марс. претходно, при подготовките ништо не упатуваше дека ќе се случат отстапувања на траекторијата на леталото.
„Тестовите беа успешни. Се покажа дека инсталираната машина е во оперативна состојба, и точноста на изборот на целиот дизајн и техничките решенија се потврдени. Во однос на завршната проба, оперативноста на регуларниот контролен систем беше исто така потврден“, изјави Павел Савчук шеф на тестовите на „Луна-25“.
Јуриј Борисов, првиот човек на Рускосмос при подготовката на леталото информираше за плановите на Вселенската агенција. Очекуваа пронаоѓање вода и натамошно инсталирање на база на јужниот пол за летови до далечните планети.
„Се надеваме дека во 2027 ќе ја лансираме и „Луна-26“, а во 2028-та и „Луна-27“. По 2030 следува и „Луна-28“. Сите четири мисии се во составот на истражувањето на месечината и по ова моите колеги од и Кина и јас ќе се префрлиме на следната фаза. Можноста посета на месечината со космонаути и на изградбата на база на месечината“, изјави Јуриј Борисов шеф на Рускосмос.
Во вселенската трка, Русија се натпреварува со Индија која ќе се обиде нејзината сонда да ја спушти на јужниот пол на месечината на 23 август. И Вашингтон и Пекинг во меѓувреме развиваат напредни програми за истражување на земјиниот сателит и за инсталирање на лунарни бази. Последната руска вселенска мисија беше лансирана пред речиси половина век.