7 C
Skopje
Thursday, February 25, 2021

РУСКОВСКА ОТВОРИ ИСТРАГА ЗА НОВИ ЧЕТИРИ ЛИЦА ЗА ИЗМАМИТЕ НА МЕЃУНАРОДНИОТ СОЈУЗ НА БОКИ 13, ЈОВЕСКИ НАЈАВИ АПСЕЊА

Најчитани вести

Обвинителката Вилма Русковска денеска отвора истрага против нови четири лица, кои ќе бидат осомничени во делот на измамите со наводна изградба на старечки домови од страна на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски. Во истрагата е опфатен и самиот Јовановски, кој е веќе во притвор. Од петте лица, за три ќе се бараат превентивни мерки, а под истрага е и едно правно лице-фирма.

Ова пред малку го кажа републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, кој не го открива идентитетот на новоосомничените четворица во оваа истрага.

Тој кажа дека овие лица се товарат за измама и перење пари во врска со земените околу 700.000 евра од фирмата на битолскиот бизнисмен Силјан Мицевски и на над 200.000 евра што струшкиот бизнисмен Ардијан Амзоски ги уплатил на сметката на Сојузот.

Јовески само навести дека во текот на денот можно е дел од овие лица да бидат изнесени и пред судија во претходна постапка, каде се оди во случај кога има барања од обвинителствата за притвор или други мерки.

На прашање дали можеби меѓу нив има и лица кои досега беа сослушани кај Русковска, како Мицевски, Амзоски, но и Фросина Ташевска-Ременски и Александар Кирацоски, Јовески кажа дека „меѓу нив има и сослушани и несослушани“.

Првиот дел од истрагата за „Рекет“ е завршен и останува, ако сака, исказ да даде Јовановски, кому вчера му се слоши.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести