4.8 C
Skopje
Thursday, January 20, 2022

Русковска: Немавме докази за Канческа-Милевска во случајот „27 април“

Најчитани вести

Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска вели дека немало докази за ексминистерката Елизабета Канческа-Милевска и затоа таа не е обвинета во предметот за организацијата на настаните од 27 април 2017 година во Собранието со ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски и бившиот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тоа е случај, според нејзината изјава, и со поранешниот генерален секретар на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Божиновски.

Ваквата изјава Русковска ја даде на новинарско прашање, со оглед дека во пораките што ги презентираше на минатите рочишта, Јанакиески и Ристовски комуницирале со неа. Комуникацијата со Канческа-Милевска, според обвинителката, е само за ангажирање јавни личности да учествуваат на протестите.

„Немаше обвинение за неа затоа што немавме докази. Освен ангажирање уметници и познати личности, таа не направила што било друго конкретно. Јас го споменав и Кирил Божиновски, само што освен тоа немавме други докази за нешто поконкретно”,

изјави Русковска.
Таа денеска ги даде завршните зборови во овој судски предмет и рече дека како обвинителство успеале да докажат дека обвинетите изготвиле план да го загрозат уставниот поредок и со акти на насилство да го оневозможат примопредавање на власта.

Русковска направи и измени во обвинението за дејствијата на Јанакиески и Ристовски, посочувајќи ги како организатори на протестите. Одбраната реагираше дека се докажало оти нема докази за првичните тврдења дека ексминистрите ги координирале месните и општинските комитети и затоа Обвинителството ги направило овие, според нив, суштински измени.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com