Обвинителката Вилма Русковска најави дека ќе покрене финансиска истрага за судиите кои донесоа одлука за куќен притвор на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.
„Не знам кои се судиите. Чекам да го добијам решението, но ќе покренам финансиска истрага”, вели Русковска за дел од медиумите и не крие дека не е задоволна од ваквата одлука.
Јанева попладнево ја напушти „Шутка” и беше префрлена во куќен притвор во станот на нејзиниот син, откако скопскиот Апелациски суд претходно донесе одлука со која ја уважи жалбата на Јанева.