24.8 C
Skopje
Saturday, June 12, 2021

Русковска: Зоран Заев е споменат само еднаш во исказот на Камчев за „Рекет“

Најчитани вести

Зоран Заев е споменат само еднаш во исказот на Орце Камчев и тоа само дека бизнисменот случајот го пријавил кај премиерот, рече денеска обвинителката Вилма Русковска откако доказите за Рекет и за Катица Јанева ги презентираше пред Советот за јавни обвинители. Русковска вели дека сите други информации кои беа објавени за вмешаност на политичари и на Заев во случајот се како што рече, дезинформации на одредени медиуми.

Таа вели и дека се уште нема информации за тоа од како протекол дел од записникот од исказот на еден од сведоците што беше објавен. За тоа трае истрагата, но додаде и дека записниците не им се доставуваат на сведоци пред завршувањето на истражната постапка.

Русковска денеска ги презентирала сите обезбедени докази за случајот пред Советот на јавни обвинители каде денеска с еодлучува за разрешувањето на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева

„Презентирав од доказите кои ги имаме собрано, искази на сведоци, записник за примање на кривична пријава. Разговорите кои ги има снимано сведокот и кои ни ги даде. Сите прашања кои ги поставија им ги одговорив. Останаа да извршат увид во предметот и да ги разгледаат сите докази, рееч Русковска.

На седницата не беше присутен јавниот обвинител Љубомир Јовески. Русковска потврди дека Луковски денеска давал исказ како сведок на негово барање. Рече дека Зоран Милевски Кичеец ќе го повика на разговор кога ќе одлучи да го стори тоа. Се уште трае финансиската истрага за случајот а обвинителството има некои сознанија за кои Рускоска не сакаше да зборува.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести