7.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Русковска за С.Е : Наскоро обвинение за Рашковски

Најчитани вести

Истрагата за поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски е во завршна фаза, вели шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска во интервју за РСЕ.

Се истражува како може Рашковски да си дозволи гаранција од околу 500 илјади евра за замена на мерката притвор во домашен притвор, а во истрагата влегува и прашањето од каде му парите на Рашковски за хациенда во Побожје.

Русковска вели дека и случајот Империја е во завршна фаза, а најавува и дека по истекот на мандатот нема да се кандидира повторно за прв човек на Обвинителството.

До каде е истрагата за поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски? Истрагата е во завршна фаза. Го добивме материјално-финансиското вештачење. Се чека уште едно вештачење, треба до следната недела да стигне и тоа и ќе се викаат осомничените да дадат своја одбрана, доколку сакаат. Дали тоа значи дека наскоро би можело да има обвинение?

Да.

Истражувате ли како може Рашковски да си дозволи гаранција од околу 500 илјади евра за замена на мерката притвор во домашен притвор?

Да.

Дали во истрагата влегува и прашањето од каде му парите на Рашковски за хациенда во Побожје? Да. Колку фактот што таа е на име на неговите малолетни деца е проблем во истрагата, кога се уште нема нов закон за проверка на потекло на имот?

Не е проблем воопшто, затоа што и сегашниот закон предвидува доколку се утврди одговорност, се разбира, доколку судот утврди дека некој е виновен, има проширена конфискација и тука спаѓаат членовите на потесното семејство – сопруга, маж, деца, зависи кој е обвинет, така што тоа воопшто не е проблем и според постоечката законска регулатива.

Рековте дека го истражувате потеклото на парите, дали дојдовте до некакви сознанија од каде се тие пари? И предистражната и истражната постапка се преставуваат тајно, така што не можам да откријам повеќе од она што ви го кажав.

Зошто случаите кои се од интерес во јавноста, како „Империја“ не се главен приоритет на обвинителството со цел побрзо да се заврши истрагата, бидејќи знаеме дека трае со години? А, зошто мислите дека не се приоритет?

Бидејќи трае со години, а на пример за случајот Рекет истрагата траеше само три месеци и имаше обвинение.

Линк за целото интервју тука

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com