23.8 C
Skopje
Saturday, June 19, 2021

Русковска: За сега фатени се само продавачите на дрога, по наркобосовите се трага

Најчитани вести

Обвинителката за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска на прес-конференција во врска со акцијата „Планина“ во која вчера беа уапсени 22 лица од четири скопски населби, Грчец, Чаир, Гази Баба и Сингелиќ. Како што кажа Русковска, тие биле следени со помош на ПИ-мерки за да може да се обезбедат докази за конечно нивно апсење. За сега, фатени се само продавачите на дрога. Обвинителството има доволно докази за наркобосовите и се надевам дека наскоро ќе бидат фатени и изведени пред лицето на правдата, рече Русковска.

„Уште на почетокот бевме свесни дека за секој од членовите на овие криминални групи мора да собираме поединечно докази затоа што тие дрогата која ја продаваа ја чуваат на безбедни места и дека постои мала веројатност при спроведување на акција за нивно лишување од слобода дека ќе се најдат големи количини наркотична дрога, во најголем број на случаи се работи за кокаин. Се побараа наредби за поцелоистражни мерки – следење на комуникација и посебна истражна мерка тајно следење и снимање вон приватен имот. Истражителите на Обвинителството беа во техниката каде што се вршеше прислушвањето односно следење на комуникациите кога имаа сознанија дека одредени лица ќе вршат продажба на наркотична дрога се координираа со другите истражители а овие со службата за следење при што откако ќе се документираше продажбата со помош на одбрани лица на интервентната полиција се вршеше запирање како или запирање на улица при што им беше одземена наркотичната дрога што ја имаа купено„, рече Рускоска.

Појасни дека во Јавното обвинителство завршувале оние кои купувале дрога за понатамошно препродавање.

„Доколку лицата ја купуваа за лична употреба дрогата беше одземена и давана на вештачење, а доколку ја купуваа за понатамошна продажба кривични пријави за поединци одеа по основните обвинителства, најчесто во ОЈО на Скопје. Така цела година собиравме докази за сите членови на овие групи, зборам во множина, затоа што немаме доказ дека се меѓусебно поврзани и ќе бидат работени во два посебни предмети. Откако сметавме дека за сите лица имаме доволно докази се организираше акција за нивно лишување од слобода“, рече Рускоска.

Појаснува дека само во Грчец извшени се претреси на 26 локации.

„Лишени се од слобода 13 лица, од кои за 9 лица е определена мерка притвор, за 3 мерка куќен притвор и за 1 лице мерки за претпазливост. Од оваа група 5 лица се недостапни. Можете да ја видите шемата односно организаторите и сите оние што одат под нив, како и нивната меѓусебна комуникација“, појасни Рускоска.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести