11.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

Русковска за Зеќири: Предметот е чист, има штета од 57 милиони денари!

Најчитани вести

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и висока корупција, Вилма Русковска во гостувањето во Студио 10 на ТВ 24 говореше за случајот со генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири.

Како што додаде таа, тој што си ја работи чесно не треба да се плаши од било која функција.

„Предистрагата траеше повеќе месеци, инспектори работеа заедно со колешката на прибирање докази. Не мислам дека се работи за политички пресметки, има доволно докази за сторено кривично дело. Два дена пред отворање на истрагата еден од осомничените ја напуштил државата. Штетата на буџетот е околу 57 милиони денари, речиси милион евра“, истакна Русковска.

Таа објаснува дека секоја набавка над 400.000 евра треба да има и меѓународен тендер, но во случајов не е побарана ниту согласност од Биро за јавни набавки.

-Сега за сега, предметот ни е чист со овие докази кои ни се обезбедени. Не знам како функционира Владата, но генералниот секретар располага со целиот буџет на Владата. Оттаму донеле постапка за консултанска услуга, но ова е направено во четири очи. Кога прочитав дека Зекири е посочен со име и презиме, не знам како толку брзо се дојде до името, беше соопштено само дека се работи за висок владин функционер. Во Обвинителството не е кртот – рече Русковска.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com