37.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Русковска за аферата „Мафија“ прво ќе почека реакција од Спасовски

Најчитани вести

Ќе почекаме да видиме дали Министерството за внатрешни работи (МВР) ќе отвори постапка за случајот „Мафија“, па ќе одлучиме дали ќе отвориме предмет по допрен глас, оти најпрво треба да ѝ се даде шанса на надлежната институција. Ова за Алфа го изјави јавната обвинителка за организиран криминал Вилма Русковска, а се однесува на аферата што вчера ја обелодени опозициската ВМРО-ДПМНЕ за најмалку двесте пасоши со украдени идентитети што им ги издало македонското МВР на познати балкански нарко-босови и криминалци.

– Ќе почекаме да видиме дали МВР ќе отвори постапка, па потоа ќе одлучиме дали ќе отвориме предмет по допрен глас. Сепак треба да се даде шанса на надлежната институција – изјави Русковска.

Плусинфо се обиде да исконтактира со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, но безуспешно. Единственото нешто што го дознаваме од извори во полицијата е дека МВР наскоро ќе свика прес-конференција на која ќе открие повеќе детали за случајот.

ВМРО-ДПМНЕ вчера брифираше дека полициската апаратура издала патни исправи со лажен идентитет во таканаречената афера „Мафија“ за водачот на озлогласениот Шкаљарски клан за трговија со дрога, Јован Вукотиќ и водачот на турската мафија Седат Пекер, кој до неодамна бил во државата, но повторно влегол и добил македонска лична карта.

„Спасовски најпрво треба да даде одговори како Седат Пекер и Јован Вукотиќ добиле македонски пасоши, а потоа и да си даде оставка, како ќе може Јавното обвинителство да отвори истрага против него, но и против Зоран Заев“, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести