Обвинителката Вилма Русковска денеска ќе ја поднесе жалбата до Советот на јавни обвинители, откако беше суспендирана од работа. Советот ќе треба да одлучи по жалбата на Русковска, која беше оддалечена од својата работа од страна на Републичкиот јавен обвинител врз основа на член 81 од Законот за јавно обвинителство.
„Денеска ќе поднесам жалба до Советот“, кусо истакна Русковска, по што се очекува да даде изјава за медиумите.
Русковска има два предмети кои се во предистрага – едниот за финансиската полиција, другиот за станицата за технички преглед за автобусот кој изгоре во Бугарија.За претресот во финансиската полицијата на 18 јули, директорот Арафат Муареми на 8. август поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство против сите обвинители за кои тие сметаат дека постојат основи за сомнение за сторени кривични дела при постапување.