Русковска го доби извештајот од мобилниот на Јанева, може да види со кого се допишувала шефицата на СЈО

Share on facebook
Share on twitter
Share on whatsapp
Share on google
Share on linkedin
Share on email
Share on print

Извештајот од вештачењето на телефонот на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, е готов и стигнал во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, кое ја води истрагата за случајот „Рекет“, потврдуваат од Обвинителството.

Од таму велат дека не можат да соопштат детали за извештајот, за да не и наштетат на истрагата. Вештачењето беше направено за да се утврди дали Јанева комуницирала со осомничениот Бојан Јовановски, а може и да се види што точно комнуницирале, бидејќи се враќаат сите избришани пораки.

Шефата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска викендов во ТВ интервју рече дека имаат снимки од кои сè слуша и гледа дека додека осомничениот Бојан Јовановски разговарал со сведокот бизнисмен, на спикерфон бил и јавен обвинител.

Обвинителката Јанева засега не е под истрага, но обвинителството во зависност од доказите најави и можно проширување.

Џ.И.

Оставете коментар

Актуелно

@2019 – Новинска агенција ЖУРНАЛ. Сите права се задржани.

Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.