10.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Русковска барала ВЕШТАЧЕЊЕ НА ТЕЛЕФОНОТ за фотографијата со Рашковски

Најчитани вести

Обвинителката Вилма Русковска побарала лицето кое го снимило екс генералниот секретар на владата Драги Рашковски, да дојде во Обвинителството за да се изврши вештачење на снимката, но никој не се појавил.

Лицето било повикано откако во медиумите се појави снимката на Рашковски, кој е во куќен притвор, како тој слободно шета без полициска придружба.

Според МВР тоа е поради здравствени проблеми, тој добил дозвола од Основен кривичен суд Скопје за движење во одреден временски период, а во останатиот дел од денот ја почитувал мерката за домашен притвор

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, коментирајќи го случајот и со Зоран Милески Кичеец, кој за време на издржувањето на затворска казна во Струга учествуваше во сообраќајна несреќа, откако претходно со медицинска потврда добил одобрение за привремен излез, истакна дека минатата година над 30 лица кои се во отворено или полутворено одделение на затвор имале можност да работат во текот на издржувањето на казната, но кога ќе се случи некаков проблем, како сообраќајката со Кичеец, се губат сите погодности.

За Рашковски вели дека со проценка на судот тој можел да добие одобрение да оди на доктор и дека нема опасност за негово бегство.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com