14.8 C
Skopje
Wednesday, September 22, 2021

Руски дипломати ја напуштија Северна Кореја со железнички колички

Најчитани вести

Руските дипломати и нивните семејства ја напуштија Северна Кореја со помош на железнички колички на рачен погон, поради мерките воведени поради пандемијата на коронавирусот, објави руското Министерство за надворешни работи на Фејсбук.

„Откако границите беа затворени повеќе од една година и патничкиот сообраќај беше запрен, вработените во руската амбасада во Северна Кореја и членовите на нивните семејства тргнаа на долг и тежок пат кон дома, се наведува во Министерството.

Група од осум лица помина 32 часа патувајќи со воз, потоа два часа со автобус и на крај влегоа во Русија со железничка количка.

Агенцијата Интерфакс утрово објави дека дипломатите и нивните семејства потоа полетале од Владивосток кон Москва.

Северна Кореја тврди дека нема случаи на коронавирус, но ја затвори границата и го прекина сообраќајот на патници со други земји.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com